ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
01.02.2019 👁 Прочитано: 96

Интензивирање на економската активност со Македонија како најава од средбата на амбасадорот на Република Чешка во Стопанската комора на Македонија


Интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Чешка, преку организирање Бизнис форуми, реализирање на Б2Б средби, поттикнување на инвестициски активности беа темите за кои на средбата во Стопанската комора на Македонија разговараа в.д. Извршниот директор на Комората  Билјана Пеева Ѓуриќ и амбасадорот на Република Чепка во нашата земја, неговата екселенција Мирослав Томан.

Билјана Пеева Ѓуриќ  Мирослав Томан

На средбата, амбасадорот Томан посочи дека Чешка го препознава потенцијалот за интензивирање на соработката меѓу двете земји на полето на економијата. Како земја членка на Европската унија подготвена е да го понуди своето искуство и да помогне во поврзување на чешки и македонски компании за отпочнување или интензивирање на бизнис соработката. За таа цел, министерството за индустрија и трговија на Република Чешка планира бизнис посета на Македонија на почетокот од април 2019 година. Паралелно со средбите кои се планираат со економскиот тим министри за поставување на законската рамка за соработка, делегација од Чешка е заинтересирана и за воспоставување деловни односи помеѓу стопанственици од двете земји. За таа цел се планира и одржување на Бизнис форум со Б2Б средби но и конкретни деловни состаноци со бизнисмени помеѓу двете земји за одредени сектори. В.д. извршниот директор Билјана Пеева Ѓуриќ констатираше дека Комората го подржува процесот на интензивирање на бизнис соработката помеѓу двете земји особено во делот на воспоставување нови бизниси и продлабочување на постојните помеѓу компании  од Македонија и Чешка, што е и една од главните улоги на Стопанската комора на Македонија, во интерес на  нејзините членки да помогне во изнаоѓање нови пазари и поттикнување на извозот на македонските производи

Предмет на интерес чешките стопанственици лоцираат во индустријата, рударството, земјоделството, енергетиката, транспортот, животната средина. Обемот на размена  помеѓу двете земји за 11  месеци од 2018 година изнесува  203 милиони долари. При тоа остварен е раст од 26,6% споредено со истиот период од 2017 година. Во структурата на размената од Македонија во Чешка се извезуваат цевки, делови на седишта, кондензатори од хартија или пластика, окови, прибор и слично за моторни возила, електрични акумулатори. Од Чешка во Македонија доминантно се увезуваат електрични спроводници, други моторни возила за превоз на лица,  делови на седишта, текстилни ткаенини, проводници, активни препарати за перење и чистење, изолациони делови од пластика. Стоковната размена меѓу двете земји е во континуиран пораст. А Чешка е 21-ви трговски партнер на Македонија. 

Даниела Михајловска Василевска

Интензивирање на економската активност со Македонија како најава од средбата на амбасадорот на Република Чешка во Стопанската комора на Македонија