ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
01.02.2019 👁 Прочитано: 78

ПОВИК ЗА ИЗДАВАЊЕ МИСЛЕЊЕ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ УСЛОВ согласно одлуките на Владата на Република Македонија


ПОВИК ЗА ИЗДАВАЊЕ МИСЛЕЊЕ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ УСЛОВ согласно одлуките на Владата на Република Македонија зa укинување на увозната давачка - царинската стапка за замрзнато свинско месо и свинско сало исчистено од месо и живинско сало, неистопени или поинаку издвоени, свежи, разладени, замрзнати, солени, во саламура, сушени или чадени

Стопанската комора на Македонија согласно Одлуката зa укинување на увозната давачка - царинската стапка за замрзнато свинско месо и свинско сало исчистено од месо и живинско сало, неистопени или поинаку издвоени, свежи, разладени, замрзнати, солени, во саламура, сушени или чадени, објавена во „Службен весник на Република Македонија“, бр. 197 од 30.10.2018 година и Одлуката за изменување на Одлуката зa укинување на увозната давачка - царинската стапка за замрзнато свинско месо и свинско сало исчистено од месо и живинско сало, неистопени или поинаку издвоени, свежи, разладени, замрзнати, солени, во саламура, сушени или чадени, објавена во „Службен весник на Република Македонија“, бр. 218 од 28.11.2018 година (во натамошниот текст: одлуки), известува дека издавањето Мислење за исполнување на економскиот услов се врши по пат на поднесување барање од страна на заинтересираните регистрирани производители на преработки од месо.

Свинско месо

Со цел навремено издавање на мислењата во интерес на корисниците - оператори со храна кои аплицираат за прв пат, регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство како производители на сувомесни производи, се повикуваат до Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 20.3.2019 година, да ги приложат следните документи:

- Барање за издавање Мислење за исполнување на економскиот услов, во кое подносителот е должен да наведе податоци за вкупна произведена, фактурирана и наплатена количина на готови производи во кои како суровина се користени стоките за кои се бара ослободување од плаќање на царинска давачка, за 2017 година, со образложение за оправданоста на бараните количини според условот наведен во член 1, став 2 од одлуките;
- фотокопија од Тековна состојба на правниот субјект од единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица на Централниот регистар на РМ, не постара од 6 месеци;
- фотокопија од Решението на Агенцијата за храна и ветеринарство за регистриран производител на преработки од месо;
- фотокопија на нотарски заверен ЗП – образец со депонирани потписи;
- листа на асортиманот на стоки кои ги произведува подносителот, предмет на одлуките;
- Извод од финансиска картица од деловните книги на подносителот за Агенцијата за храна и ветеринарство за фактурирани и платени фактури за 2017 година за произведен готов производ;
- Потврда од Агенцијата за храна и ветеринарство за реализирано производство на готов производ за подносителот за 2017 година;
- месечни извештаи кои се доставуваат до ветеринарен инспектор, за 2017 година и збирен годишен извештај за 2017 година за произведени количини;
- заверен и потпишан Извештај од подносителот за фактурирана (продадена) количина на готови производи во 2017 година во кои како суровина се користени стоките за кои се бара ослободување од плаќање царинска давачка со Извештај за наплатена количина на фактурирани готови производи во 2017 година во кои како суровина се користени стоките за кои се бара ослободување од плаќање царинска давачка со состојба 30.4.2018 година;
- Изјава дадена на подносителот, под полна морална, материјална и кривична одговорност дека податоците кои се наведени во барањето, образложението во барањето и приложените документи се вистинити и дека ги исполнуваат условите од одлуките за добивање Мислење од Стопанската комора на Македонија.

Компаниите кои веќе имаат аплицирано по оваа мерка, за добивање ново мислење од Стопанската комора на Македонија, треба да ги достават следните документи:

- Барање за издавање Мислење за исполнување на економскиот услов, во кое подносителот е должен да наведе податоци за вкупна произведена, фактурирана и наплатена количина на готови производи во кои како суровина се користени стоките за кои се бара ослободување од плаќање царинска давачка, за 2017 година;
- Извештај за неискористени количини од првото мислење (издадено врз основа на Одлуката зa укинување на увозната давачка - царинска стапка за замрзнато свинско месо и свинско сало исчистено од месо и живинско сало, неистопени или поинаку издвоени, свежи или разладени, замрзнати, солени, во саламура, сушени или чадени, објавена во „Службен весник на Република Македонија“, бр. 86 од 11.5.2018 година);
- враќање на старото мислење, во оригинал или копија заверена на нотар;
- Потврда од АХВ за остварено производство за јуни, јули и август 2018 година.

НАПОМЕНА ДО СИТЕ ОПЕРАТОРИ:
СЕКОЈ ОД ОПЕРАТОРИТЕ ЛИЧНО  ГАРАНТИРА  ЗА ДОСТАВЕНИТЕ ПОДАТОЦИ.
НИТУ ГРУПАЦИЈАТА НА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ И ПРЕРАБОТУВАЧИ НА МЕСО, НИТУ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА НЕ ПРЕЗЕМААТ ОДГОВОРНОСТ ЗА КАКВИ И ДА БИЛО ЗЛОУПОТРЕБИ ПРИ ПРИЈАВА НА НЕТОЧНИ КОЛИЧИНИ И ТАРИФНИ ОЗНАКИ, ВО СЛУЧАЈ КОГА ЌЕ ИМА КОНТРОЛА ОД СТРАНА НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ОСЛОБОДЕНИТЕ ИСКОРИСТЕНИ КОЛИЧИНИ ПО ИСТЕКОТ НА ВРЕМЕНСКИОТ РОК.

ПОВИК ЗА ИЗДАВАЊЕ МИСЛЕЊЕ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ УСЛОВ согласно одлуките на Владата на Република Македонија