ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
31.01.2019 👁 Прочитано: 115

Предавање на Клубот на менаџери-претприемачи: Модул „Обука (Coaching)“


Клуб на менаџери

На 31.01.2019 година започна  првиот дел од неколкумесечната обука која ќе следува во рамките на Годишната агенда за 2019 година, на тема  „Обука (Coaching)“.

Обуката претставува процес на откривање, поставување цели и избор на активности за реализација на натпросечни резултати. Обуката ја насочува веќе успешната и самомотивирана личност кон поголема ефективност.

Обуката најдобро функционира кај оние личности кои  секогаш се стремат да постигнат повеќе. Tаквите поединци но и компании најчесто знаат што сакаат и за нив не постојат проблеми туку исклучиво предизвици, кои доколку правилно се постават и решат, овозможуваат простор за натамошен напредок. По својата функција, обуката (Coaching)  е најслична на консалтингот. Меѓутоа, разликата е во тоа што во процесот на консалтингот се добиваат готови решенија, додека во процесот на обука клиентот сам доаѓа до најповолните решенија за себе.

Менаџери

Предавачот Љупчо Георгиев на присутните им посочи дека обуката (Coaching) е стратегија на храбрите во постигнување врвни резултати. Според Георгиевски,  обуката (Coaching) не е психотерапија, психологија, консалтинг, менторство, не советува, не учи и  не лечи. Тоа е всушност брз и ефикасен начин за постигнување резултати, причина поради која е се` попопуларен во светот на бизнисот. Клиентот е во фокусот на процесот на обуката и преку структуриран разговор, помогнат со конкретни алатки и техники, наместо да се концентрира на минати искуства или причини за актуелни состојби се придвижува кон посакуваната цел. До целта се стигнува преку конкретни чекори кои водат до фундаментални промени во ставот, однесувањето и навиките, што ја прави методологијата ориентирана кон акција или делување. Овој тип на обука е и системски, што подразбира креирање целосна слика за клиентот комплетно верувајќи на неговите квалитети, способности, план и цели.

Основната цел на обуката е да се унапредат резултатите и учинокот на клиентите во најразлични деловни и животни области. Обуката има улога на покренувачка сила која ги ослободува човечките потенцијали за создавање на нови и покреативни идеи, модели и однесувања кои водат кон успех.

Менаџери

Членовите на Клубот на менаџери - претприемачи и овој пат имаа можност да следат едукативен настан кој им овозможува на менаџерите да го поттикнат сопствениот стручен и професионален развој, но и да обезбедат адекватна и мотивирана работна сила.

Преку специјално дизајнираните едукативни настани им овозможуваме на компаниите - членки на Клубот на менаџери-претприемачи во едно време на динамично опкружување, зголемена конкурентност и диференцирана побарувачка на добра и услуги, да знаат како да се носат со промените и да се насочат кон предизвиците и на нив да гледаат како можност за креирање нова вредност која ќе ја утврди нивната позиција на пазарот.

Клуб на менаџери

Валентина Цветковска

Предавање на Клубот на менаџери-претприемачи: Модул „Обука (Coaching)“