ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Од компаниите
25.09.2018 👁 Прочитано: 34

Три медали за вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ на вински натпревар во Виена


Винарската визба „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ се закитија со еден златен и два сребрени медали на годинашното јубилејно 15. издание на светски реномираниот вински натпревар во Австрија – Austria Wine Challenge, што се одржа во Виена.

Chardonnay Domaine Lepovo

Во конкуренција од над 12.000 вина од 40 земји од пет континенти, со златен медал беше наградено црвеното вино „Барово” од бербата 2015, а сребрен медал освоија две вина од минатогодишната берба, и тоа белото „Барово“ и белото „Chardonnay Domaine Lepovo”.

Карактеристичниот начин на дегустација и строгите правила при оценувањето го прават Austria Wine Challenge еден од најпрестижните светски познати натпревари за дегустација на вино, кој ги поставува највисоките стандарди и барања во поглед на континуираното подобрување на квалитетот во светот на виното.

Оваа година бројот на награди и специјални признанија освоени од „Тиквеш“ на најпрестижните светски натпревари надмина 60.

www.mia.mk

Три медали за вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ на вински натпревар во Виена