1032 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Од компаниите
03.08.2018 👁 Прочитано: 38

Седиштето на „Тиквеш“ од Скопје се враќа во Кавадарци


Седиштето на најголемата винарска визба „Тиквеш“ од Скопје се враќа во Кавадарци. Првичното седиште на компанијата беше во Кавадарци, а од пред неколку години досега тоа беше преместено во главниот град. Ова денеска го соопштија градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев и генералниот директор на „Тиквеш“ Радош Вукичевиќ.

Двајцата изразија задоволство од ваквата одлука бидејќи, како што нагласија, „Тиквеш“ е синоним за Кавадарци.

Јанчев рече дека винарницата е од големо значење за Кавадарци, а лозарството како најзастапена гранка во регионот заслужува големо внимание.

Вукичевиќ нагласи дека претходно биле направени анализи, а интенцијата е компанијата да придонесе за локалниот економски развој. Се очекува ова да ја интензивира соработката со лозарите и локалната самоуправа. 

Извор: www.mia.mk

Седиштето на „Тиквеш“ од Скопје се враќа во Кавадарци