УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА СТЕЧАЈ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 140 ОД 29.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македoнија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Северна Македoнија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 29 мај 2020 година, донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА СТЕЧАЈ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Во Уредбата со законска сила за примена на Законот за стечај за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 76/20), член 2 во ставовите 1 и 2¹ зборовите „три месеци по престанокот на траењето на вонредната состојба“ се заменуваат со зборовите „по престанокот на траењето на вонредната состојба до 30 јуни 2020 година“.

Член 2

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-4744/1                                   Заменик на претседателот
29 мај 2020 година                          на Владата на Република
Скопје                                                  Северна Македонија,
                                             м-р Радмила Шекеринска-Јанковска, с.р.

¹Член 2, ставови 1 и 2 од Уредбата со законска сила за примена на Законот за стечај за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 76/20), кои се менуваат, гласат:
„Над стечајните должници кои ги исполнуваат условите за отворање на стечајна постапка или поведување на претходна постапка, нема да се отвораат стечајни постапки и да се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба, како и три месеци по престанокот на траењето на вонредната состојба.
Сите започнати постапки, како претходна постапка за отворање на стечајна постапка и отворање на стечајната постапка над стечајниот должник, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба, како и три месеци по престанокот на траењето на вонредната состојба.“


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје