УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 140 ОД 29.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 29 мај 2020 година, донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Во Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 86/20, 103/20 и 128/20), членот 3-а¹ се менува и гласи:

„При вршење јавен превоз на патници, за време на траење на вонредната состојба, превозникот во возилото е должен да го организира превозот со задолжително носење на заштитни маски од страна на патниците и екипажот во возилата, редовно дезинфицирање на возилата и може да има најмногу 50% патници од вкупниот број на седишта, несметајќи го седиштето на возачот.“

Член 2

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-4746/1                                            Заменик на претседателот
29 мај 2020 година                                    на Владата на Република
Скопје                                                           Северна Македонија,
                                                        м-р Радмила Шекеринска-Јанковска, с.р.

¹Член 3-а од Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 86/20, 103/20 и 128/20, кој се менува, гласи:
„При вршење јавниот превоз на патници, за време на траење на вонредната состојба, превозникот во возилото е должен да го организира превозот со задолжително одржување на растојание од најмалку два метри меѓу патниците и може да има најмногу 50% патници од вкупниот број на седишта, несметајќи го седиштето на возачот.“


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје