ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПОДДРШКА - КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КОВИД-19 („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 136 ОД 27.05.2020)



Врз основа на член 25 став 4 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 26 мај 2020 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПОДДРШКА - КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КОВИД-19

Член 1

Со оваа одлука се дава согласност на Правилникот за инструментот за поддршка - Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19, бр. 01-1655/5, донесен од Управниот oдбор на Фондот за иновации и технолошки развој, на седницата, одржана на 22.5.2020 година.

Член 2

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-4132/1

Претседател на Владата

26 мај 2020 година

на Република Северна Македонија,

Скопје

Оливер Спасовски, с.р.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје