ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ДРЖАВЕН КАРАНТИН НА ДРЖАВЈАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВРАТЕНИ ОД СТРАНСТВО СО ХУМАНИТАРНИ ЛЕТОВИ ИЛИ КОНВОИ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 134 ОД 22.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 58 став (1) точка 1 од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15, 37/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 72/20), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 22 мај 2020 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ДРЖАВЕН КАРАНТИН НА ДРЖАВЈАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВРАТЕНИ ОД СТРАНСТВО СО ХУМАНИТАРНИ ЛЕТОВИ ИЛИ КОНВОИ

Член 1

Во Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните на Република Северна Македонија вратени од странство со хуманитарни летови и конвои („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 71/20 и 100/20), во насловот по зборовите „задолжителен државен карантин“ се додаваат зборовите „или задолжителна домашна самоизолација“.

Член 2

Во членот 1 по ставот 2 се додава нов став 3 кој гласи:


„Доколку лицата од ставовите 1 и 2¹ на овој член, при влез на територијата на Република Северна Македонија приложат „PCR“ тест за Коронавирус COVID-19 направен во последните 72 часа пред да влезат на територијата на Република Северна Македонија, наместо во задолжителен државен карантин, се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација“.

Член 3

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-4462/1

Претседател на Владата

22 мај 2020 година

на Република Северна Македонија,

Скопје

Оливер Спасовски, с.р.

¹Член 1, став 1 и 2 од Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните на Република Северна Македонија вратени од странство со хуманитарни летови и конвои („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 71/20 и 100/20), гласат:

„Со оваа одлука заради спречување на внесување и ширење и можноста од пренесување на Коронавирусот COVID-19 се наредува мерката за спроведување задолжителен државен карантин во период од најмалку 15 дена од денот на пристигнувањето во Република Северна Македонија за сите државјани на Република Северна Македонија затекнати во странство кои ќе бидат вратени во Република Северна Македонија со хуманитарни летови или конвои.

По исклучок од став 1 на овој член, за државјани на Република Северна Македонија, затекнати во земји со висок ризик од Коронавирус COVID-19 согласно Листата на Светската Здравствена Организација, а кои ќе бидат вратени во Република Северна Македонија со хуманитарни летови или конвои по 13 април 2020 година, се наредува мерката за спроведување задолжителен државен карантин во период од најмалку 21 ден од денот на пристигнувањето во Република Северна Македонија.“


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје