УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 134 ОД 22.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 22 мај 2020 година, донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Во Уредбата со законска сила за примена на Законот за минерални суровини за време на вонредна состојба (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 103/20, 111/20 и 126/20) по членот 2a се додава нов член 2б кој гласи:

„Член 2б

Одредбата на член 2а¹ од оваа уредба со законска сила ќе се применува за време на траење на вонредната состојба како и 90 дена по престанување на траењето на вонредната состојба.“

Член 2

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-4438/1

Претседател на Владата

22 мај 2020 година

на Република Северна Македонија,

Скопје

Оливер Спасовски, с.р.

¹Член 2а од Уредбата со законска сила за примена на Законот за минерални суровини за време на вонредна состојба (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 103/20, 111/20 и 126/20), чиј рок на важност се продолжува, гласи:

„Владата еднострано ќе го раскине договорот за концесија за експлоатација на неметалични минерални суровини во случај кога со вршењето на експлоатацијата на неметаличната минерална суровина е нарушен јавниот интерес, безбедноста и здравјето на локалното население.

Во случај на едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација од ставот 1 на овој член, концесионерот може да поднесе барање за добивање на нова концесија за експлоатација на неметалична минерална суровина на друг локалитет во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на одлуката за едностран раскин на договорот.

Во случај кога е поднесено барање за доделување на концесија за експлоатација од ставот 2 на овој член, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини во рок од 30 дена по службена должност бара мислење од органите на државната управа надлежни за вршење на работите од областа на заштитата на животната средина и просторното планирање, заштитата на културното наследство, транспортот и врските, земјоделството, шумарството, водите, како и од други органи на државната управа надлежни за вршење на работите од соодветната област и од единицата односно единиците на локалната самоуправа на чија територија е поднесено барање за доделување на концесија.

Постапката за доделување на концесијата за експлоатација од ставот 3 на овој член ќе се спроведе согласно член 42 од Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/12, 25/13, 93/13, 44/14, 160/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16, 120/16, 189/16 и 7/19).“


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје