ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАБРАНА И ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 125 ОД 15.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 58 став (1) точка (3) од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 14 мај 2020 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАБРАНА И ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Член 1

Во Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 72/20, 74/20, 76/20, 78/20 89/20, 92/20, 100/20, 105/20, 107/20, 111/20 и 119/20), во член 1, став 1, точките 2. и 3.¹ се бришат.

Точките 4., 5., 6. и 7, стануваат точки 2., 3., 4. и 5.

Член 2

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-2416/12

Претседател на Владата

14 мај 2020 година

на Република Северна Македонија,

Скопје

Оливер Спасовски, с.р.

¹Член 1, став 1, точки 2. и 3. од Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 72/20, 74/20, 76/20, 78/20 89/20, 92/20, 100/20, 105/20, 107/20, 111/20 и 119/20), кои се бришат, гласат:

2. Се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст над 67 години, во временски период од 12.00 часот до 5.00 часот наредниот ден.

3. Се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст до 18 години, во временски период од 19.00 часот до 13.00 часот наредниот ден.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје