УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 128 0Д 18.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 17 мај 2020 година, донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Во Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 86/20 и 103/20), во член 1 во ставот 2 зборовите „како и при“ се заменуваат со зборот „за“, а по зборовите „вршење на превоз на патници“ се додаваат зборовите „како и за рокот за објавување на огласот за одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии“.

Член 2

Во членот 3 точката на крајот од реченицата се заменува со запирка и се додаваат зборовите „и 90 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.“

Член 3

По членот 3-б се додава нов член 3-в кој гласи:
„Член 3-в
Рокот за објавување на огласот за одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии, утврден во член 24-а став 3 од Законот за превоз во патниот сообраќај се продолжува за време на траење на вонредната состојба и 90 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.“

Член 4

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-4124/1                                            Претседател на Владата
17 мај 2020 година                         на Република Северна Македонија,
Скопје                                                        Оливер Спасовски, с.р.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје