ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА УКИНУВАЊЕ НА УВОЗНАТА ДАВАЧКА - ЦАРИНСКАТА СТАПКА ЗА ЗАМРЗНАТО СВИНСКО МЕСО И СВИНСКО САЛО ИСЧИСТЕНO OД МЕСO И ЖИВИНСКO САЛO, НЕИСТOПЕНИ ИЛИ ПOИНАКУ ИЗДВOЕНИ, СВЕЖИ, РАЗЛАДЕНИ, ЗАМРЗНАТИ, СOЛЕНИ, ВO САЛАМУРА, СУШЕНИ ИЛИ ЧАДЕНИ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 125 ОД 15.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 19 став (7) од Царинскиот закон („Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/05, 4/08, 48/10, 158/10, 44/11, 53/11, 11/12, 171/12, 187/13, 15/15, 129/15, 154/15, 192/15, 23/16 и 144/18), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 8 мај 2020 година, донeсе

ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА УКИНУВАЊЕ НА УВОЗНАТА ДАВАЧКА - ЦАРИНСКАТА СТАПКА ЗА ЗАМРЗНАТО СВИНСКО МЕСО И СВИНСКО САЛО ИСЧИСТЕНO OД МЕСO И ЖИВИНСКO САЛO, НЕИСТOПЕНИ ИЛИ ПOИНАКУ ИЗДВOЕНИ, СВЕЖИ, РАЗЛАДЕНИ, ЗАМРЗНАТИ, СOЛЕНИ, ВO САЛАМУРА, СУШЕНИ ИЛИ ЧАДЕНИ

Член 1

Во Одлуката за укинување на увозната давачка - царинската стапка за замрзнато свинско месо и свинско сало исчистенo oд месo и живинскo салo, неистoпени или пoинаку издвoени, свежи, разладени, замрзнати, сoлени, вo саламура, сушени или чадени („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 97/20), во членот 5¹ зборовите „завршувањето на траењето на вонредната состојба на територија на Република Северна Македонија” се заменуваат со зборовите „31 октомври 2020 година”.

Член 2

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-3781/1                                       Претседател на Владата
8 мај 2020 година                    на Република Северна Македонија,
Скопје                                                     Оливер Спасовски, с.р.

¹Член 5 од Одлуката за укинување на увозната давачка - царинската стапка за замрзнато свинско месо и свинско сало исчистенo oд месo и живинскo салo, неистoпени или пoинаку издвoени, свежи, разладени, замрзнати, сoлени, вo саламура, сушени или чадени („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 97/20), кој се менува, гласи:
„Стоките од член 1 од оваа одлука се увезуваат до завршувањето на траењето на вонреднатa состојба на територија на Република Северна Македонија.“


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје