УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА НАЧИНОТ НА ПРОМЕНА НА ДОГОВОРНИ УСЛОВИ НА КРЕДИТНИ ИЗЛОЖЕНОСТИ КАЈ БАНКИТЕ И ШТЕДИЛНИЦИТЕ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 125 ОД 15.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19) Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 14 мај 2020 година донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА НАЧИНОТ НА ПРОМЕНА НА ДОГОВОРНИ УСЛОВИ НА КРЕДИТНИ ИЗЛОЖЕНОСТИ КАЈ БАНКИТЕ И ШТЕДИЛНИЦИТЕ

Член 1

Во Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 80/20), во членот 1 став 1¹ по зборот „состојба“ се става запирка и се додаваат зборовите „како и 90 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба“.
Во ставот 2² по зборот „состојба“ се става запирка и се додаваат зборовите „како и 90 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба“.

Член 2

Во членовите 2 во воведната реченица, 3, 4 став 1, 5, 6 став 1 и 7 зборовите „оваа уредба“ се заменуваат со зборовите „оваа уредба со законска сила“.

Член 3

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-3988/1                                           Претседател на Владата
14 мај 2020 година                      на Република Северна Македонија,
Скопје                                                  Оливер Спасовски, с.р.

¹Член 1, став 1од Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 80/20), кој се менува, гласи:
„На начинот на промени на договорните услови на кредитните изложености на банките и штедилниците спрема физичките лица и нефинансиските правни лица, како и спрема солидарните должници и заложните должници врз основа на секоја од кредитните изложености, извршени согласно со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик („Службен весник на Република Северна Македонија бр. 76/20), коишто ќе бидат спроведени од страна на банките и штедилниците во времетраењето на вонредната состојба ќе се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.“
²Ставот 2, кој се менува, гласи:
„Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/01, 4/02, 5/03, 84/08, 81/09, 161/09, 23/13 и 123/13), Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачките кредити („Службен весник на Република Македонија“ бр. 51/11, 145/15, 23/16 и 20/19), Законот за договорен залог („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/03, 4/05, 87/07, 51/11, 74/12, 92/12, 115/14, 98/15, 215/15, 61/16), Законот за меница („Службен весник на Република Македонија“ бр. 3/02, 67/10 и 145/15), Законот за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/16, 142/16, 25/18 и 233/18) и Законот за катастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/13, 41/14, 101/14, 115/14, 116/15, 153/15, 192/15, 61/16, 172/16, 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 124/19), ќе се применуваат за време на траење на вонредната состојба доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.“


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје