УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ (*) ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 125 ОД 15.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 14 мај 2020 година, донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ (*) ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Во Уредбата со законска сила за примена на Законот за странци (*) за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 71/20), во членот 2¹ точката на крајот на реченицата се заменува со запирка и се додаваат зборовите „како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 31 август 2020 година.“

Член 2

Во членот 3² по зборот „истечен“ се става запирка и се додаваат зборовите „односно истекува за време на траењето на вонредната состојба,“, а на крајот на реченицата точката се заменува со запирка и се додаваат зборовите „како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 31 август 2020 година.“

Член 3

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-4069/1                                     Претседател на Владата
14 мај 2020 година                   на Република Северна Македонија,
Скопје                                               Оливер Спасовски, с.р.

¹Член 2 од Уредбата со законска сила за примена на Законот за странци (*) за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 71/20), кој се менува, гласи:
„Странец кој краткорочно престојува во Република Северна Македонија со виза или без виза, може да остане на територијата на Република Северна Македонија и по истекот на краткорочниот престој, односно по истекот на визата за краткорочен престој, за време на траење на вонредната состојба.“
² Член 3, кој се менува, гласи:
„Важноста на дозволата за привремен престој и дозволата за постојан престој чиј рок на важење е истечен се продолжува за време на траење на вонредната состојба.“


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје