УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 126 ОД 15.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19) Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 14 мај 2020 година донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Во Уредбата со законска сила за примена на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за време на вонредната состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 71/20 и 123/20), во член 3 во ставот 1¹ на крајот на реченицата точката се брише и се додаваат зборовите „се до престанокот на важење на мерката забрана за одржување на наставата и спроведувањето на обуките и испитите во испитните центри од страна на школите за обука за возачи утврдена во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19.“.

Член 2

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-4071/1                                                Претседател на Владата
14 мај 2020 година                           на Република Северна Македонија,
Скопје                                                            Оливер Спасовски, с.р.


¹Член 3, став 1 од Уредбата со законска сила за примена на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за време на вонредната состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 71/20 и 123/20), кој се менува, гласи:
„Започнатите постапки за спроведување на обуките за оспособување на кандидат за возач во авто школите и спроведување на возачкиот испит на кандидатот за возач во испитните центри, се одложуваат за време на траење на вонредната состојба.“


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје