УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ ПРИ ДОГОВОРИ ЗА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 126 ОД 15.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Закон за Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија’’ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10. 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 14 мај 2020 година, донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ ПРИ ДОГОВОРИ ЗА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Во Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 90/20), по членот 3 се додава нов член 3-a кој гласи:
„Член 3-а
 Оваа уредба со законска сила се применува за време на траењето на вонредната состојба, како и 90 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.“

Член 2

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-4066/1                                        Претседател на Владата
14 мај 2020 година                    на Република Северна Македонија,
Скопје                                                    Оливер Спасовски, с.р.

 


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје