УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 123 ОД 13.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на  Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 12 мај 2020 година, донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Во Уредбата со законска сила за примена на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 71/20), во членот 2¹ по зборот „истечен“ се става запирка и се додаваат зборовите „односно истекува за време на траењето на вонредната состојба,“, а на крајот на реченицата точката се заменува со запирка и се додаваат зборовите „како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 31 јули 2020 година.“.

Член 2

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-3973/1                                                   Заменик на претседателот
12 мај 2020 година                                           на Владата на Република
Скопје                                                                   Северна Македонија,
                                                                м-р Радмила Шекеринска-Јанковска, с.р


¹Член 2 од Уредбата со законска сила за примена на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 71/20), гласи:
„Важноста на возачката дозвола чиј рок на важење е истечен се продолжува за време на траење на вонредната состојба.“


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје