УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 123 ОД 13.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19) Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 12 мај 2020 година донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Во Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 90/20) во член 1 во ставот (2)¹ зборовите „поднесување на пријави во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за реемитување на програмски сервиси на странски радиодифузери кои операторите планираат да ги реемитуваат на својот програмски сервис за територијата на Република Северна Македонија“ се заменуваат со зборовите „донесувањето на подзаконските акти“.

Член 2

Во член 2 ставот (1)² се менува и гласи:
„Јавната расправа за подзаконските акти од член 143 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/13, 13/14, 44/14, 101/14, 132/14, 142/16, 132/17, 168/18, 248/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/20), може да се спроведе и со употреба на средства за електронска комуникација и истата трае 15 дена од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила.“
 
По ставот (1) се додава нов став (2) кој гласи:
„Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги донесува подзаконските акти од член 143 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/13, 13/14, 44/14, 101/14, 132/14, 142/16, 132/17, 168/18, 248/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20), во рок од пет дена од денот на завршувањето на јавната расправа од став 1 на овој член.“
Ставот (2) станува став (3).

Член 3

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-3992/1                                                 Заменик на претседателот
12 мај 2020 година                                        на Владата на Република
Скопје                                                               Северна Македонија,
                                                           м-р Радмила Шекеринска-Јанковска, с.р.

Одредби од Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 90/20), кои се менуваат:
¹Член 1, став (2), гласи:
„За поднесување на пријави во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за реемитување на програмски сервиси на странски радиодифузери кои операторите планираат да ги реемитуваат на својот програмски сервис за територијата на Република Северна Македонија определени со член 143 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/13, 13/14, 44/14, 101/14, 132/14, 142/16, 132/17, 168/18, 248/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20) за време на траење на вонредната состојба се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.“

²Член 2, став (1), гласи:
„Операторите ги доставуваат пријавите во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за реемитување на програмски сервиси на странски радиодифузери кои операторите планираат да ги реемитуваат на својот програмски сервис за територијата на Република Северна Македонија согласно одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/13, 13/14, 44/14, 101/14, 132/14, 142/16, 132/17, 168/18, 248/18 и 27/19).“


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје