УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И РАБОТА НА СТРАНЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 123 ОД 13.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 12 маj 2020 година, донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И РАБОТА НА СТРАНЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Законот за вработување и работа на странци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 217/15), ќе се применува за време на траење на вонредната состојба, доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.
За важноста на работна дозвола која се издава за определен временски период до една година, како и за рокот за реализирање на услугите кои ги даваат странските работници кои се поврзани со набавка на стока и склопување, одржување и сервисирање на машини, средства и опрема, во период не подолг од 60 дена, во една календарска година, се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

Член 2

Важноста на работната дозвола која се издава за определен временски период до една година чиј рок на важење е истечен, односно истекува за време на траењето на вонредната состојба, се продолжува за време на траењето на вонредната состојба, како и 60 дена од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила.
 Рокот за реализирање на услугите кои ги даваат странските работници кои се поврзани со набавка на стока и склопување, одржување и сервисирање на машини, средства и опрема, во период не подолг од 60 дена, во една календарска година, чиј рок за реализирање е истечен, односно истекува за време на траењето на вонредната состојба, се продолжува за време на траењето на вонредната состојба, како и 60 дена од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила.

Член 3

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-3960/1                                              Претседател
12 мај 2020 година                          на Владата на Република
Скопје                                                   Северна Македонија,
                                                            Оливер Спасовски, с.р.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје