УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 123 ОД 13.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македoнија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Северна Македoнија („Службен весник на Република Македонија” бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 12 мај 2020 година, донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

(1) Законот за трговските друштва („Службен весник на Република Македонија“ бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16 и 64/18 и 120/18), ќе се применува за време на траењето на вонредната состојба доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.
(2) За веродостојноста на сметководствените документи врз основа на кои се водат трговските книги, како и за рокот за доставувањето на одобрените финансиски извештаи за 2019 година до Регистарот на годишни сметки при Централниот регистар на Република Северна Македонија, за време на траењето на вонредната состојба, се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

Член 2

За веродостојни сметководствени документи врз основа на кои се водат трговските книги се сметаат и скенирани документи доставени по електронски пат.

Член 3

Рокот за доставување на одобрените финансиски извештаи со годишниот извештај за работа за 2019 година на големите и средни трговци организирани како друштва со ограничена одговорност, до Регистарот на годишни сметки при Централниот регистар на Република Северна Македонија, престанува да тече за време на траењето на вонредната состојба и продолжува по престанокот на траењето на вонредната состојба, за онолку денови колку што траела вонредната состојба.

Член 4

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Бр. 44-3993/1                                           Заменик на претседателот
12 мај 2020 година                                  на Владата на Република
Скопје                                                          Северна Македонија,

                                                      м-р Радмила Шекеринска-Јанковска, с.р.  


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје