ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАБРАНА И ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 119 ОД 8.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 58 став (1) точка (3) од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 8 мај 2020 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАБРАНА И ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Член 1

Во Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 72/20, 74/20, 76/20, 78/20, 89/20, 92/20, 100/20, 105/20, 107/20 и 111/20), во членот 1:
 Точките 1., 2., 3. и 4., се менуваат и гласат:
 „1. Се забранува движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 19.00 часот до 5.00 часот наредниот ден.
 2. Се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст над 67 години, во временски период од 12.00 часот до 5.00 часот наредниот ден.
 3. Се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст до 18 години, во временски период од 19.00 часот до 13.00 часот наредниот ден.
 4. Се забранува движење на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 19.00 часот до 5.00 часот наредниот ден.“.
 Точката 6.¹ се брише.
 Точка 7. станува точка 6..
 Точка 9. станува точка 7..

Член 2

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-2416/11                                                   Претседател на Владата
8 мај 2020 година                                  на Република Северна Македонија,
Скопје                                                                Оливер Спасовски, с.р.

¹Точка 6. која се брише:
„6. Се забранува движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, во деновите сабота и недела, во временски период од 16.00 часот до 5.00 часот наредниот ден.“


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје