ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19 („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 119 ОД 8.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 58  став 1 од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр.66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15, 37/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 8 мај 2020 година, донесе 

О Д Л У К А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19
 
Член 1

Во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19  („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 62/20, 63/20, 64/20, 66/20, 70/20, 72/20, 92/20, 100/20, 107/20 и 109/20), во член 1, став 1, во точката 12.б¹, по зборовите „и 3824 99 96 00,“ се додаваат зборовите: „дезинфектанти врз база на кватернарни соли на амониум со тарифна ознака 3808 94 10 00 и други дезинфектанти со тарифна ознака 3808 94 90 00”.
 
 Точката 27. се менува и гласи:
 „27. Се забранува пристап на лица и возила во Парк шума „Водно“, во временски период од 19.00 часот до 5.00 часот наредниот ден.“.

Член 2

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 44-2147/11                                               Претседател на Владата
8 мај 2020 година                               на Република Северна Македонија,
Скопје                                                             Оливер Спасовски, с.р.


¹Точка 12.б. од Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 109/20), која се дополнува, гласи:

„12.б. Се дозволува извоз на економските оператори и производители од Република Северна Македонија на средства за дезинфекција: сапуни со или без површинско активни средства со дезинфициенси со тарифна ознака 3401, препарати (за миење, перење, чистење и гелови) на база на површинско активни средства со тарифна ознака 3402, тоалетни препарати со дезинфекциони средства со тарифна ознака 3307 90 00 00, мешаници на хемиски соединенија со тарифни ознаки 3824 99 92 00, 3824 99 93 00 и 3824 99 96 00, и неденатуриран етилалкохол со содржина на алкохол 80% vol или повисока со тарифна ознака 2207 10 00 00, со тоа што при секој извоз кон царинската декларација се приложува Изјава од извозникот и производителот дека во секој момент во магацинот односно складовите располага со 30% од просечното дневно производство на средства за дезинфекција, која количина е наменета исклучиво за потребите на домашниот пазар.“


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје