ОДЛУКА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАБРАНА И ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 111 ОД 28.04.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 58 став (1) точка (3) од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 април 2020 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАБРАНА И ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Член 1

Во Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија бр. 72/20, 74/20, 76/20, 78/20, 89/20, 92/20, 100/20, 105/20 и 107/20), по точката 7. се додава нова точка 8., која гласи:


„8. За периодот од 1 мај 2020 година (петок), заклучно со 4 мај 2020 година (понеделник) до 5.00 часот наутро се забранува:

- Се забранува движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 14.00 часот до 5.00 часот наредниот ден.
- Се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст над 67 години, во временски период од 11.00 часот до 5.00 часот наредниот ден.
- Се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст до 18 години, во временски период од 14.00 часот до 12.00 часот наредниот ден.
- Се забранува движење на возила од јавен превоз на територијата Република Северна Македонија, во временски период од 14.00 часот до 5.00 часот наредниот ден.“

Член 2

Оваа Одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-2416/1

Претседател на Владата

28 април 2020 година

на Република Северна Македонија,

Скопје

Оливер Спасовски, с.р.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје