УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА* ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 111 ОД 28.04.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 април 2020 година донесе

У Р Е Д Б А

СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА* ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија“ бр.96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19) ќе се применува за време на траење на вонредната состојба, доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.

За полагањето на испитот за стручна оспособеност за ракувачи на енергетски уреди и постројки за време на траење на вонредната состојба, ќе се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

Член 2

Полагањето на испитот за стручна оспособеност за ракувачи на енергетски уреди и постројки се одложува за време на траењето на вонредната состојба.

Член 3

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-3506/1 Претседател на Владата

28 април 2020 година на Република Северна Македонија, Скопје Оливер Спасовски, с.р.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје