УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА УГОСТИТЕЛСКАТА ДЕЈНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 111 ОД 28.04.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 април 2020 година, донесе

У Р Е Д Б А

СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА УГОСТИТЕЛСКАТА ДЕЈНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Законот за угостителската дејност („Службен весник на Република Македонија бр.62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13, 166/14, 199/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16 ,71/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/20), ќе се применува за време на траење на вонредната состојба доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.

За рокот на важноста на лиценците за вршење на угостителска дејност во ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор за време на траење на вонредната состојба, се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

Член 2

Важноста на лиценците за вршење на угостителска дејност во ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор, чиј рок на важење е истечен или ќе истече за време на траењето на вонредната состојба, се продолжува за време на траењето на вонредната состојба.

Член 3

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-3482/1 Претседател на Владата

28 април 2020 година на Република Северна Македонија, Скопје Оливер Спасовски, с.р.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје