УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 111 ОД 28.04.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19) Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 април 2020 година, донесе

Член 1

Во Уредбата со законска сила за примена на Законот за минерални суровини за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.103/20) член 1 во ставот 2 по зборовите „за склучување на договор за детални геолошки истражувања по влегување во сила на одлуката за доделување на концесијата“ се додаваат зборовите „и рокот за плаќање на понудениот концесиски надоместок за добивање на концесијата“, а по зборовите „за склучување на договор за експлоатација на минерални суровини по влегување во сила на одлуката за доделување на концесијата“ се додаваат зборовите „и рокот за плаќање на понудениот концесиски надоместок за добивање на концесијата“.

Член 2

Во членот 2 по зборовите „за склучување на договор за детални геолошки истражувања по влегување во сила на одлуката за доделување на концесијата“ се додаваат зборовите „и рокот за плаќање на понудениот концесиски надоместок за добивање на концесијата“, а по зборовите „за склучување на договор за експлоатација на минерални суровини по влегување во сила на одлуката за доделување на концесијата“, се додаваат зборовите „и рокот за плаќање на понудениот концесиски надоместок за добивање на концесијата“.

Член 3

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-3469/1 Претседател на Владата

28 април 2020 година на Република Северна Македонија, Скопје Оливер Спасовски, с.р.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје