УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 112 ОД 30.04.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 30 април 2020 година, донесе

У Р Е Д Б А
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/19 и 14/20), ќе се применува за време на траење на вонредната состојба, доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено. За продолжување на започнатите постапки за вработување на административен службеник, за време на траење на вонредната состојба се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

Член 2

Започнатите постапките за вработување на административен службеник, кои биле запрени и ставени во мирување по доставувањето на барањето за објавување на јавен оглас, по завршувањето на рокот за пријавување на кандидати за административен службеник, во Фаза 1 – административна селекција за вработување, односно во Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју, продолжуваат да се спроведуваат за време на траење на вонредната состојба до завршувањето на соодветната фаза на постапката за вработување.
Започнатите постапките за вработување на административен службеник, кои биле запрени и ставени во мирување во Фаза 2 – испит за административен службеник, ќе продолжат да се спроведуваат по престанокот на траењето на вонредната состојба.

Член 3

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-3588/1                                            Претседател на Владата
30 април 2020година                     на Република Северна Македонија,            Скопје                                                          Оливер Спасовски, с.р.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје