УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 113 ОД 01.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19) Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 1 мај 2020 година донесе

У Р Е Д Б А
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Во Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/20), во член 1 во ставот 2 по зборот „ За” се додаваат зборовите „пријавување во системот на задолжително социјално осигурување од страна на работодавачот, утврдено во член 13 ставови (3), (6) и (9) од Законот за работните односи, на работниците на кои кај истиот работодавач работниот однос им престанал во периодот од 11 март 2020 година до 30 април 2020 година, односно на ново лице за замена од евиденцијата на невработени лица, за“.

Член 2

По членот 1 се додава нов член 1-а, кој гласи:
„Член 1-а
Работодавачот кој одјавил работник од задолжително социјално осигурување во периодот од 11 март 2020 година до 30 април 2020 година, може да склучи спогодба за враќање на работа.
Со спогодбата од став 1 на овој член, работодавачот се обврзува да ги подмири сите обврски кои произлегуваат од работниот однос од денот на одјавата на работникот од задолжително социјално осигурување до денот на склучувањето на спогодбата.  Пријавувањето во системот на задолжително социјално осигурување на работникот од став 1 на овој член, во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија се врши најдоцна до 7 мај 2020 година.
Доколку работникот не ја потпише спогодбата од став 1 на овој член, работодавачот може на негово место да пријави ново лице од евиденцијата на невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и со истото да склучи договор за вработување и да го пријави во системот за задолжително социјално осигурување во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија најдоцна до 7 мај 2020 година.”

Член 3

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-3615/1                                                  Претседател на Владатa
1 мај 2020година                                 на Република Северна Македонија,
Скопје                                                            Оливер Спасовски, с.р.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје