УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 107 ОД 22.04.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна  Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19 ), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 22 април 2020 година, донесе

У Р Е Д Б А
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВИЈА
ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА  СОСТОЈБА
 
Член 1

Во Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 103/20), во членот 1 став 2, по зборот „пекари“, се става запирка и се додава зборот „дуќани“.  

Член 2

Во член 2 по ставот 3, се додава нов став 4, кој гласи:
„Во објектите во кои се врши трговија на мало, истовремено може да пазаруваат најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни.
Во објектите со површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице.“. 

Член 3

По членот 2 се додава нов член 2-а  кој гласи:
“Член 2-a
Трговецот е должен да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените лица во објектот.
Вработените лица се должни заштитната опрема од ставот 1 на овој член да ја носат за времетраење на работното време.“. 

Член 4

Во членот 4 по зборовите „член 2“ се додаваат и зборовите „и член 2-а став 1“.
По ставот 1 се додава нов став 2 кој гласи:
„Глоба во износ од 50 евра во денарска противредност за вработеното лице ќе се изрече за прекршок ако постапува спротивно на одредбите од член 2-а став 2 на оваа уредба со законска сила“. 

Член 5

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 44-3318/1                                         Претседател на Владата
22 април 2020 година                  на Република Северна Македонија,
Скопје                                                     Оливер Спасовски, с.р. 


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје