ОДЛУКА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19 („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 109 ОД 27.04.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 58 став 1 од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 24 април 2020 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19

Член 1

Во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 62/20, 63/20, 64/20, 66/20, 70/20, 72/20, 92/20, 100/20 и 107/20), во член 1 во ставот 1 по точката 12.а се додава нова точка 12.б. која гласи:

„12.б Се дозволува извоз на економските оператори и производители од Република Северна Македонија на средства за дезинфекција: сапуни со или без површинско активни средства со дезинфициенси со тарифна ознака 3401, препарати (за миење, перење, чистење и гелови) на база на површинско активни средства со тарифна ознака 3402, тоалетни препарати со дезинфекциони средства со тарифна ознака 3307 90 00 00, мешаници на хемиски соединенија со тарифни ознаки 3824 99 92 00, 3824 99 93 00 и 3824 99 96 00, и неденатуриран етилалкохол со содржина на алкохол 80% vol или повисока со тарифна ознака 2207 10 00 00, со тоа што при секој извоз кон царинската декларација се приложува Изјава од извозникот и производителот дека во секој момент во магацинот односно складовите располага со 30% од просечното дневно производство на средства за дезинфекција, која количина е наменета исклучиво за потребите на домашниот пазар.“

Член 2

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-2147/10                                         Претседател на Владата
24 април 2020 година                   на Република Северна Македонија,
Скопје                                                       Оливер Спасовски, с.р.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје