УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 108 ОД 24.04.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 24 април 2020 година, донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

(1) Во Уредбата со законска сила зa измена и дополнување на Уредбата за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 82/20 и 102/20) во членот 1 по зборот „Коронавирусот Covid-19“ се додаваат зборовите „за рокот за поднесување на даночната пријава на данокот на додадена вредност и рокот за плаќање на данокот на додадена вредност“.

Член 2

По членот 2-г се додава нов член 2-д кој гласи:
“Член 2-д
(1) Рокот за поднесување на даночната пријава на данокот на додадена вредност која се поднесува на образецот „ДДВ-04“ и за плаќање на данокот на додадена вредност за даночниот период од 1 февруари 2020 до 29 февруари 2020 година се одложува за време на траењето на вонредната состојба до 30 април 2020 година.
(2) Рокот за поднесување на даночната пријава на данокот на додадена вредност која се поднесува на образецот „ДДВ-04“ и за плаќање на данокот на додадена вредност за даночниот период од 1 март 2020 до 31 март 2020 година се одложува за време на траењето на вонредната состојба до 30 април 2020 година.
(3) Рокот за поднесување на даночната пријава на данокот на додадена вредност која се поднесува на образецот „ДДВ-04“ и за плаќање на данокот на додадена вредност за даночниот период од 1 јануари 2020 до 31 март 2020 година се одложува за време на траењето на вонредната состојба до 30 април 2020 година.
(4) Рокот за поднесување на даночната пријава на данокот на додадена вредност која се поднесува на образецот „ДДВ-04“ и за плаќање на данокот на додадена вредност за даночниот период од 1 април 2020 до 30 април 2020 се одложува за време на траењето на вонредната состојба до 31 мај 2020 година.“

Член 3

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-3399/1                                                Претседател на Владата
24 април 2020 година                        на Република Северна Македонија,
     Скопје                                                      Оливер Спасовски, с.р.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје