ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА МИНИМАЛНА СОДРЖИНА НА ЕВИДЕНЦИЈАТА И НАЧИНОТ НА ПРИЈАВУВАЊЕ, РЕЗЕРВИРАЊЕ И ЛИКВИДАЦИЈА НА ШТЕТИ ОД СТРАНА НА ДРУШТВАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 107 ОД 22.04.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 158-ѕ точка 1 од Законот за супервизија на осигурување („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/02, 84/02, 98/02, 33/04, 88/05, 79/07, 8/08, 88/08, 56/09, 67/10 и 44/11, 112/11, 7/12, 30/12, 45/12, 60/12, 64/12, 23/13 , 188/13, 43/14, 112/14, 153/15, 192/15, 23/16, 83/18 и 198/18 и (“Службен весник на Република Северна Македонија” 101/19 и 31/20) а во врска со член 1 од Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба донесена од Претседателот на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 68/20), Советот на Експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување на седница одржана на ден 14.4.2020 година донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА МИНИМАЛНА СОДРЖИНА НА ЕВИДЕНЦИЈАТА И НАЧИНОТ НА ПРИЈАВУВАЊЕ, РЕЗЕРВИРАЊЕ И ЛИКВИДАЦИЈА НА ШТЕТИ ОД СТРАНА НА ДРУШТВАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ

Член 1

Во Правилникот за минимална содржина на евиденцијата и начинот на пријавување, резервирање и ликвидација на штети од страна на друштвата за осигурување („Службен весник на Рсепублика Македонија” бр. 4/2020), во член 12 во ставот (3) зборовите: “2 работни дена” се заменуваат со зборовите: “5 работни дена”.

Член 2

Овој правилник влегува во сила од денот на објавување во “Службен весник на Република Северна Македонија” и истиот ќе се применува се додека трае вонредната состојба во државата прогласена со постојната Одлука за утврдување на постоење на вонредна состојба донесена од Претседателот на Република Северна Македонија (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 68/20) или со нова Одлука за утврдување на постоење на вонредна состојба со која вонредната состојба би се продолжила за дополнителен период.

Бр. 01-312/1

Совет на експерти

14 април 2020 година

Претседател,

Скопје

Крсте Шајноски, с.р.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје