ОДЛУКА ЗА НАЧИНОТ НА ПРОЦЕНКА НА РЕЗЕРВИТЕ ЗА ШТЕТИ НА ДРУШТВАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И/ИЛИ РЕОСИГУРУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ТРАЕЊЕ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 107 ОД 22.04.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 158-ѕ точка 1 од Законот за супервизија на осигурување („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/02, 84/02, 98/02, 33/04, 88/05, 79/07, 8/08, 88/08, 56/09, 67/10 и 44/11, 112/11, 7/12, 30/12, 45/12, 60/12, 64/12, 23/13 , 188/13, 43/14, 112/14, 153/15, 192/15, 23/16, 83/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” 101/19 и 31/20), а во врска со член 1 од Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба донесена од Претседателот на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.68/20) Советот на Експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување на седница одржана на ден 14.4.2020 година, донесе

О Д Л У К А

ЗА НАЧИНОТ НА ПРОЦЕНКА НА РЕЗЕРВИТЕ ЗА ШТЕТИ НА ДРУШТВАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И/ИЛИ РЕОСИГУРУВАЊЕ

ЗА ВРЕМЕ НА ТРАЕЊЕ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА

Член 1

Со оваа Одлука се утврдуваат правила кои се однесуваат на работењето на друштвата за осигурување за време на траењето на вонредната состојба во државата во делот на начинот на проценка на резервите на штети од страна на друштвата за осигурување.

Член 2

Друштвата за осигурување и/или реосигурување се должни да преземат соодветна реакција за намалување на ризикот од нереална проценка на резервите на штети која би се јавила како резултат на забавената пријава/ликвидација на штети во текот на траење на вонредната состојба, при што секоја актуарска проценка и одлука во процесот на актуарско расудување и избор на претпоставките треба да биде донесена во насока на намалување на овој ризик.

Член 3

Доколку при процена на резервите за штети, искуството во последната дијагонала од користениот триаголник покаже намалена ликвидација/пријава на штети (релативно на изложеноста), друштвото за осигурување и/или реосигурување истото не треба да го земе во предвид за целите на проценка на развојните фактори со состојба на 31 март и 30 јуни 2020 година.

Член 4

Оваа Одлука влегува во сила од денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Бр. 08-311/1

Совет на експерти

14 април 2020 година

Претседател,

Скопје

Крсте Шајноски, с.р.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје