ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАБРАНА И ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 107 ОД 22.04.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 58 став (1) точка (3) од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 22 април 2020 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАБРАНА И ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Член 1

Во Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 72/20, 74/20, 76/20, 78/20, 89/20, 92/20, 100/20 и 105/20), во членот 1:

Точките 1., 2., 3. и 4., се менуваат и гласат:

„1. Се забранува движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, од понеделник до петок, во временски период од 19.00 часот до 5.00 часот наредниот ден.

2. Се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст над 67 години, од понеделник до петок, во временски период од 12.00 часот до 5.00 часот наредниот ден и од 11.00 часот во сабота, до 5.00 часот во понеделник.

3. Се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст до 18 години, од понеделник до петок, во временски период од 19.00 часот до 13.00 часот наредниот ден, во сабота од 5.00 часот до 12.00 часот и од 15.00 часот до 13.00 часот во понеделник.

4. Се забранува движење на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, од понеделник до петок, во временски период од 19.00 часот до 5.00 часот наредниот ден и од 15.00 часот во сабота, до 5.00 часот во понеделник.“

Точката 6., се менува и гласи:

„6. Се забранува движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 15.00 часот во сабота до 5.00 часот во понеделник. “

Точката 7. се брише.

Точка 8. станува точка 7.

Член 2

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-2416/9

Претседател на Владата

22 април 2020 година

на Република Северна Македонија,

Скопје

Оливер Спасовски, с.р.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје