ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19 („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 107 ОД 22.04.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 58 став 1 од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 22 април 2020 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19

Член 1

Во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 62/20, 63/20, 64/20, 66/20, 70/20, 72/20, 92/20 и 100/20), во член 1, точките 6. и 27. се менуваaт и гласат:

“6. Се затвораат сите спортски објекти, вежбални, спортски сали каде што може да се одржуваат секаков вид на собири и настани, без оглед на обемот и бројот на учесници, односно истите се затвораат за давање на услуги кон корисниците на услугите со присуство во објектите, а истите можат непречено да продолжат да извршуваат деловни активности и да даваат други услуги од делокругот на својата дејност преку алтернативен начин на продажба на услуги и производи

27. Се забранува пристап на лица и возила во Парк шума „Водно“, од понеделник до петок, во временски период од 19.00 часот до 5.00 часот наредниот ден и од 15.00 часот во сабота до 5.00 часот во понеделник.“

Член 2

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“,.

Бр. 44-2147/9

Претседател на Владата

22 април 2020 година

на Република Северна Македонија,

Скопје

Оливер Спасовски, с.р.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје