УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИТЕ* ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 105 ОД 21.04.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19) Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 21 април 2020 година, донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИТЕ* ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Во Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите* за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 86/2020) во член 1 во ставот (2) по зборот „корисник“ се става запирка и се додаваат зборовите „за износот на акцизата за безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар од тарифните ознаки 2710 12 31 00, 2710 12 41 00, 2710 12 45 00, 2710 12 49 00, 2710 12 51 00 и 2710 12 59 00, за износот на акцизата за гасно масло како погонско гориво од тарифните ознаки 2710 19 43 00, 2710 19 46 00, 2710 19 47 00, 2710 19 48 00, 2710 20 11 00, 2710 20 15 00, 2710 20 17 00 и 2710 20 19 00, за износот на акцизата за гасно масло како гориво за греење од тарифните ознаки 2710 19 43 00, 2710 19 46 00, 2710 19 47 00, 2710 19 48 00, 2710 20 11 00, 2710 20 15 00, 2710 20 17 00 и 2710 20 19 00, како и за рокот за попис на затечени залихи на енергенти, подготовка на записник и поднесување на записникот до надлежниот царински орган од страна на увозникот, трговецот на големо и трговецот на мало на енергенти и за роковите поврзани со плаќањето на разликата на акцизата при зголемување на акцизата на енергентите.“.

Член 2

По членот 2 се додаваат пет нови члена 2-а, 2-б, 2-в, 2-г и 2-д кои гласат:

„Член 2-a

(1) Износот на акцизата за безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар од тарифните ознаки 2710 12 31 00, 2710 12 41 00, 2710 12 45 00, 2710 12 49 00, 2710 12 51 00 и 2710 12 59 00 се пресметува врз основа на податокот за износот на основната акциза за безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар изразена во денари за литар и податокот за износот на дополнителната акциза искажана во денари за литар во зависност од средната дневна берзанска цена на Prem Unl 10 ppm на котација “Mediterranean cargoes FOB (Italy)” од Platt’s European Marketscan за период од 1-ви до 15-ти во месецот и од 16-ти до крајот на месецот.

(2) Акцизата од став (1) на овој член се пресметува според следната формула:

АБ = ОАБ + ДАБ,

при што:

- АБ е Акциза за безоловен бензин изразен во денари за литар;

- ОАБ е износ на основната акциза за безоловен бензин искажана во денари за литар и
- ДАБ е износ на дополнителната акциза за безоловен бензин искажана во денари за литар, чиј износ зависи од средната дневна берзанска цена на Prem Unl 10 ppm на котација “Mediterranean cargoes FOB (Italy)” од Platt’s European Marketscan.

(3) Износот на основната акциза за безоловен бензин - ОАБ изнесува 21.692 денари за литар.

(4) Износот на дополнителната акциза за безоловен бензин - ДАБ, се утврдува на следниот начин:

1) доколку средната дневна берзанска цена на Prem Unl 10 ppm на котација “Mediterranean cargoes FOB (Italy)” од Platt’s European Marketscan е помала или еднаква на 390 USD/ton, износот на ДАБ е 3 денари за литар;
2) доколку средната дневна берзанска цена на Prem Unl 10 ppm на котација “Mediterranean cargoes FOB (Italy)” од Platt’s European Marketscan е поголема од 390 USD/ton но помала или еднаква на 590 USD/ton, износот на ДАБ е 2 денари за литар и
3) доколку средната дневна берзанска цена на Prem Unl 10 ppm на котација “Mediterranean cargoes FOB (Italy)” од Platt’s European Marketscan е поголема од 590 USD/ton, износот на ДАБ е 0 денари за литар.

Член 2-б

(1) Износот на акцизата за гасно масло како погонско гориво од тарифните ознаки 2710 19 43 00, 2710 19 46 00, 2710 19 47 00, 2710 19 48 00, 2710 20 11 00, 2710 20 15 00, 2710 20 17 00 и 2710 20 19 00 се пресметува врз основа на податокот за износот на основната акциза за гасно масло како погонско гориво изразена во денари за литар и податокот за износот на дополнителната акциза искажана во денари за литар во зависност од средната дневна берзанска цена на 10 ppm ULSD на котација “Mediterranean cargoes FOB (Italy)” од Platt’s European Marketscan за период од 1-ви до 15-ти во месецот и од 16-ти до крајот на месецот.

(2) Акцизата од став (1) на овој член се пресметува според следната формула:

АД = ОАД + ДАД,

при што:

- АД е акциза за гасно масло како погонско гориво изразен во денари за литар;
- ОАД е износ на основната акциза гасно масло како погонско гориво искажана во денари за литар и

- ДАД е износ на дополнителната акциза за гасно масло како погонско гориво искажана во денари за литар, чиј износ зависи од средната дневна берзанска цена на 10 ppm ULSD на котација “Mediterranean cargoes FOB (Italy)” од Platt’s European Marketscan.

(3) Износот на основната акциза за гасно масло како погонско гориво - ОАД изнесува 15,121 денари за литар.

(4) Износот на дополнителната акциза за гасно масло како погонско гориво - ДАД, се утврдува на следниот начин:

1) доколку средната дневна берзанска цена на 10 ppm ULSD на котација “Mediterranean cargoes FOB (Italy)” од Platt’s European Marketscan е помала или еднаква на 400 USD/ton, износот на ДАД е 3 денари за литар;
2) доколку средната дневна берзанска цена на 10 ppm ULSD на котација “Mediterranean cargoes FOB (Italy)” од Platt’s European Marketscan “ е поголема од 400 USD/ton но помала или еднаква на 600 USD/ton, износот на ДАД е 2 денари за литар и
3) доколку средната дневна берзанска цена на 10 ppm ULSD на котација “Mediterranean cargoes FOB (Italy)” од Platt’s European Marketscan е поголема од 600 USD/ton, износот на ДАД е 0 денари за литар.

Член 2-в

(1) Пресметаната акциза од членовите 2-а и 2-б од оваа уредба со законска сила се применува од првиот вторник по 1-ви или по 15-ти во месецот.

(2) Во случај кога 1-ви или 15-ти во месецот е неработен ден, за датум на пресметка и за известување се смета првиот нареден работен ден.

Член 2-г

Акцизата за гасно масло како гориво за греење од тарифните ознаки 2710 19 43 00, 2710 19 46 00, 2710 19 47 00, 2710 19 48 00, 2710 20 11 00, 2710 20 15 00, 2710 20 17 00 и 2710 20 19 00 ќе изнесува 9,136 денари за литар.

Член 2-д

(1) Во случај на зголемување на акцизата на енергенти производителот, увозникот, трговецот на големо и трговецот на мало на енергенти се должни на денот на почетокот на примена на истата, да направат попис на затечените залихи на енергенти, да подготват записник за извршениот попис и да го поднесат до надлежниот царински орган не подоцна од 15 дена од денот на извршениот попис.

(2) При зголемување на акцизата на енергентите, плаќањето на разликата во акцизата од страна на акцизните обврзници од став (1) на овој член се врши со поднесување на акцизна декларација во електронска форма или во хартија во рок од 15 дена од денот на извршениот попис, а акцизата ќе ја платат најдоцна во рок од 30 дена од денот на зголемувањето на акцизата.

(3) Обврската од став (2) на овој член не се однесува за безоловниот бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар и на гасното масло како погонско гориво.“.

Член 3

(1) Начинот на пресметување на износот на акцизата за безоловниот бензин и за гасното масло како погонско гориво согласно членовите 2-а и 2-б од оваа уредба со законска сила ќе отпочне да се применува од 5 мај 2020 година.

(2) До отпочнувањето на примената на членот 2-а од оваа уредба со законска сила, износот на акцизата за безоловниот бензин со важност до 4 мај 2020 година се утврдува на 24,692 денари за литар.

(3) До отпочнувањето на примената на членот 2-б од оваа уредба со законска сила, износот на акцизата за гасно масло како погонско гориво со важност до 4 мај 2020 година се утврдува на 18,121 денари за литар.

Член 4

Оваа уредба со законска сила се применува за време на траењето на вонредната состојба како и 7 месеци од престанокот на траењето на вонредната состојба.

Член 5

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-3237/1

Претседател на Владата

21 април 2020 година

на Република Северна Македонија,

Скопје

Оливер Спасовски, с.р.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје