УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИСПЛАТА НА ПАРИЧЕН НАДОМЕСТ ЗА ЛИЦА АНГАЖИРАНИ СО ДОГОВОР ЗА ДЕЛО ВО ОРГАНИТЕ НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ, РЕГУЛАТОРНИТЕ ТЕЛА, АГЕНЦИИТЕ, ДРЖАВНИТЕ КОМИСИИ, ПРАВНИТЕ ЛИЦА ВО ЦЕЛОСНА СОПСТВЕНОСТ НА ДРЖАВАТА, ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ГРАДОТ СКОПЈЕ И ПРАВНИТЕ ЛИЦА ОСНОВАНИ ОД ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ГРАДОТ СКОПЈЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 102 ОД 14.04.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 14 април 2020 година, донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИСПЛАТА НА ПАРИЧЕН НАДОМЕСТ ЗА ЛИЦА АНГАЖИРАНИ СО ДОГОВОР ЗА ДЕЛО ВО ОРГАНИТЕ НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ, РЕГУЛАТОРНИТЕ ТЕЛА, АГЕНЦИИТЕ, ДРЖАВНИТЕ КОМИСИИ, ПРАВНИТЕ ЛИЦА ВО ЦЕЛОСНА СОПСТВЕНОСТ НА ДРЖАВАТА, ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ГРАДОТ СКОПЈЕ И ПРАВНИТЕ ЛИЦА ОСНОВАНИ ОД ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ГРАДОТ СКОПЈЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Со оваа уредба со законска сила се уредува висината и начинот на исплата на паричниот надомест по основ на склучен договор за дело на лица ангажирани во органите на државната власт, регулаторните тела, агенции, државни комисии, правните лица во целосна сопственост на државата, единиците на локалната самоуправа и градот Скопје и правните лица основани од единиците на локалната самоуправа и градот Скопје.

Член 2

На лицата од членот 1 од оваа уредба со законска сила, им се исплаќа целосен паричен надомест, за време на траењето на вонредната состојба, како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 31 декември 2020 година, доколку лицето со денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила не е евидентирано како пријавено вработено лице во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.
Доколку лицето од член 1 од оваа уредба со законска сила, со денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила е евидентирано како пријавено вработено лице во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, му се исплаќа 50% од паричниот надомест кој е определен во договорот за дело, но најмногу во висина од 30.000 денари.

Член 3

Оваа уредба со законска сила не се однесува на лицата кои склучиле договор за дело со органите на државната власт, регулаторни тела, агенции, државни комисии, правните лица во целосна државна сопственост, единица на локалната самоуправа и Градот Скопје и правни лица основани од единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје, за реализација на проекти финансирани или кофинансирани со заеми и средства од странски кредитори, мегународни донатори и финансиери.

Член 4

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-2875/1                                                            Претседател
14 април 2020 година на               Владата на Република Северна Македонија,
Скопје                                                              Оливер Спасовски, с.р. 


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје