УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 102 ОД 14.04.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 14 април 2020 година, донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Во Уредбата со законска сила за примена на Законот за земјоделското земјиште за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 80/20) во членот 1 ставот 2 по зборовите „јавни повици,“ се додаваат зборовите „плаќање на годишната закупнина за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост и еднострано раскинување на договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост“.

Член 2

По членот 2 се додава нов член 2-а кој гласи:
„Член 2-а
Рокот за плаќање на годишната закупнина за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за 2019 година се одложува за време на траењето на вонредната состојба и се продолжува за 180 дена по престанок на траењето на вонредната состојба.
Еднострано раскинување на договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост заради неплатена годишна закупнина се одложува за време на траењето на вонредната состојба и се продолжува за 180 дена по престанок на траењето на вонредната состојба.“

Член 3

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-3131/1                                                             Претседател
14 април 2020 година               на Владата на Република Северна Македонија,
Скопје                                                                Оливер Спасовски, с.р.
 

 


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје