УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ВОЗИЛА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 102 ОД 14.04.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 14 април 2020 година, донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ВОЗИЛА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Законот за возила („Службен весник на Република Македонија" бр. 140/08, 53/11, 123/12, 70/13, 164/13, 138/14, 154/15, 192/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр 161/19) ќе се применува за време на траење на вонредната состојба доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.

За рокот за продолжување на овластувањата на правните лица за вградување на уреди за погон на течен нафтен гас и компримиран земјен гас како и за рокот на важноста на решението на овластувањата за техничка служба, се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

Член 2

Рокот за продолжување на овластувањата на правните лица за вградување на уреди за погон на течен нафтен гас и компримиран земјен гас, се одложува за време на траењето на вонредната состојба и се продолжува за 60 дена од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.

Член 3

Важноста на решението за овластувањето на техничка служба за работите кои ги вршат правните лица кои се овластени со решение од Министерството за економија, на предлог за овластување за техничка служба од органот за одобрување, а врз основа на издаден Сертификат за акредитација од органот за оцена на компетентност, чиј рок на важење е истечен или ќе истече за време на траењето на вонредната состојба, се продолжува за време на траењето на вонредната состојба.

Член 4

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Бр. 44-3118/1

Претседател

14 април 2020 година

на Владата на Република

Скопје

Северна Македонија,


Оливер Спасовски, с.р.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје