УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 102 ОД 14.04.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седница, одржана на 14 април 2020 година, донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Во Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 82/2020) во член 1 во ставот (2) по зборот „фактурите“ се става запирка и се додаваат зборовите „како и за ослободувањето од данокот на додадена вредност на прометот на добра и услуги кои како донација се дадени на буџетски корисник односно прометот остварен со донирани финансиски средства кон буџетски корисник кој се однесува за справување со Коронавирусот Covid-19.“

Член 2

Во член 2 во ставот (1) зборовите „електронска фактура“ се заменуваат со зборовите „фактура во електронска форма“ .

Член 3

По членот 2 се додаваат четири нови члена 2-а, 2-б, 2-в и 2-г кои гласат:

„Член 2-а
(1) Се ослободува од данок на додадена вредност, прометот на добра и услуги кои како донација се дадени на буџетски корисник за справување со Коронавирусот Covid-19.
(2) За стекнување на правото на ослободување од данокот на додадена вредност, давателот на донацијата треба да обезбеди потврда од страна на буџетскиот корисник за примената донација пропишана во Правилникот за формата, содржината и начинот на издавање на писмена потврда за донации во јавните дејности.
(3) Потврдата од ставот (2) на овој член може да биде разменета меѓу давателот на донацијата и примателот на донацијата во електронска форма и по електронски пат (pdf и сл. формат, кој може да се отпечати) или во хартиена форма.
(4) Давателот на донацијата води евиденција за дадената донација по примател на донација, број на потврда за примена донација, договор за донација, краток опис на донацијата и вредност на дадената донација во финансиски средства, добра и услуги.

Член 2-б

(1) Се ослободува од данок на додадена вредност, прометот на добра и услуги извршен кон буџетски корисник заради справување со Коронавирусот COVID 19 кој се плаќа со финансиски средства од примени донации на буџетски корисник.
(2) За ослободувањето од данокот на додадена вредност на прометот од ставот (1) на овој член, вршителот на промет треба да обезбеди изјава од буџетскиот корисник во која изјавува под целосна кривична и материјална одговорност дека прометот се плаќа со донирани финансиски средства.
(3) Вршителот на прометот од ставот (2) на овој член води евиденција за прометот на добра и услуги кон буџетскиот корисник од ставот (1) на овој член.

Член 2-в

За прометот на добра и услуги кои како донација се дадени на буџетски корисник, како и за прометот на добра и услуги извршен кон буџетски корисник кој се плаќа со финансиски средства од примени донации на буџетски корисник, вршителот на промет во фактурата го наведува основот за ослободувањето на прометот од данок на додадена вредност.

Член 2-г

Ако вршителот на прометот, обврзник за данокот на додадена вредност од членот 2-а и членот 2-б на оваа уредба со законска сила не ги исполнил условите утврдени во член 2-а став (2) односно член 2-б став (2) од оваа уредба со законска сила, истиот е должен да пресмета данокот на додадена вредност на овој промет согласно со Законот за данокот на додадена вредност.“

Член 4

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-3136/1                                                      Претседател на Владата
14 април 2020 година                             на Република Северна Македонија,
Скопје                                                                 Оливер Спасовски, с.р.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје