ОДЛУКА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19 („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 100 ОД 13.04.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 58 став 1 од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија" бр. 66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 13 април 2020 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19

Член 1

Во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 („Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 62/20, 63/20, 64/20, 66/20, 70/20, 72/20 и 92/20), во член 1, по точка 26 се додава нова точка 27. која гласи:
"27. Се забранува пристап на лица и возила, во паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми и на други јавни места и површини, во период од 16 април 2020 година (четврток) од 16.00 часот, до 21 април 2020 година (вторник) до 5.00 часот."

Член 2

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија".

Бр. 44-2147/8                                               Претседател на Владата
13 април 2020 година                       на Република Северна Македонија,
Скопје                                                          Оливер Спасовски, с.р.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје