УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИНТЕРВЕНТНА НАБАВКА НА МЕДИЦИНСКИ РАКАВИЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ТРАЕЊЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 100 ОД 13.04.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седница, одржана на 1 април 2020 година, донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИНТЕРВЕНТНА НАБАВКА НА МЕДИЦИНСКИ РАКАВИЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ТРАЕЊЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Со оваа уредба со законска сила се уредуваат условите и начинот за интервентна набавка на медицински ракавици заради спроведување на мерките за справување со Коронавирусот - COVID-19 за време на траење на вонредната состојба.

Член 2

Сите економски оператори кои увезуваат медицински ракавици за еднократна употреба од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, 30% од увозните количини се должни да ги понудат на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: Генерален секретаријат) по цена зголемена најмногу до 10% од вкупната вредност што се состои од царинска вредност зголемена за износот на царина и данок на додадена вредност.
Економскиот оператор во прилог кон доставената понуда за медицински ракавици од став 1 на овој член приложува и царинска декларација.
Генералниот секретаријат во рок од еден ден од денот на приемот на понудата го известува економскиот оператор дали ја прифаќа понудата. Доколку ја прифати понудата,во текот на истиот ден, до економскиот оператор доставува писмена нарачка со потребните количини и место за испорака, согласно искажаните потреби од страна на државните институции.
Договорните органи кои ќе ги примат медицинските ракавици од став 3 на овој член, во рок од 30 дена од денот на приемот ќе извршат исплата на економските оператори согласно доставената документација.

Член 3

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-3103/1                                                 Претседател на Владата
1 април 2020 година                           на Република Северна Македонија,
Скопје                                                              Оливер Спасовски, с.р.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје