УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ОД ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ПОГОДЕНИ ОД ЗДРАВСТВЕНО-ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ COVID-19, ЗАРАДИ ИСПЛАТА НА ПЛАТИТЕ ЗА МЕСЕЦИТЕ АПРИЛ И МАЈ 2020 ГОДИНА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 97 ОД 9 АПРИЛ)



Врз основа на членот 126 став 1 од Уставот на Ре- публика Северна Македонија и членот 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“, бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 9 април 2020 година, донесе

У Р Е Д Б А
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ОД ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ПОГОДЕНИ ОД ЗДРАВ- СТВЕНО-ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ COVID-19, ЗАРАДИ ИСПЛА- ТА НА ПЛАТИТЕ ЗА МЕСЕЦИТЕ АПРИЛ И МАЈ 2020 ГОДИНА

Член 1

Во Уредбата со законска сила за финансиска под- дршка на работодавачите од приватниот сектор погоде- ни од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месе- ците април и мај 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 93/20), во член 4, во ставот 1., во точката в)*, по зборот „невработеност“ се додаваат зборовите: „(за мерките од проектот „Македонија вработува“)“.

Во ставот 2., алинејата 1** се брише.

Член 2

Во член 6, во став 2.***, зборот „четири“, се заменува со зборот „два“, а зборот „септември“, се заменува со зборот „јули“.

Член 3

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-2785/2                                                           Претседател на Владата
9 април 2020 година                                   на Република Северна Македонија,
Скопје                                                                      Оливер Спасовски, с.р.

Одредби од Уредбата („Службен весник на РСМ“ бр. 93/20) кои се менуваат:
*Член 4, став 1., точка в) од Уредбата („Службен весник на РСМ“ бр. 93/20):
1. Работодавач - барател на финансиска поддршка не може да користи финансиска поддршка за работник доколку:
в) користи ослободување од плаќање на данокот на личен доход и придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност
**Член 4, став 2, алинеја 1:
2. Финансиска поддршка за исплата на платите не може да користи:
• сопственик/основач на работодавачот - барател на финансиска поддршка, управител, прокурист, односно застапник по закон и членовите на органите на управување и надзор на работодавачот - барател на финансиска поддршка
***Член 6, став 2:
2. За времетраење на финансиската поддршка согласно со оваа уредба и четири месеци после нејзиното престанување (заклучно со месец септември 2020 година), работодавачот кој користел финансиска поддршка за исплата на плати има обврска да го задржи истиот број на вработени што го имал за месецот за кој побарал финансиска поддршка за исплата на платите, намален за бројот на вработени заради пензионирање или смрт на работник. Бројот на вработени што работодавачот корисник на финансиска поддршка треба да го задржи ги вклучува вработените на неопределено време, вработените на определено време и вработените со работно време пократко од полното работно време.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје