ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Податоци за компанија-членка
   
Име на компанија: КАМ ДОО
Адреса: Индустриска бб
Град: Скопје
Општина: Гази Баба
Телефон: +389 2 3171 747, 2 3171 210
Факс: + 389 2 3171 212
Веб адреса: www.kam.mk
Директор: Тања Камчева Лазаревик
Дејност: Трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалаци и тутун
Код: 47.11
Дејност NACE: -располага со 50 продажни објекти за разна спрехрамбена стока и алкохолни пијалоци -има лиценца за продажба на алкохолни пијалоци КАМ е единствен ланец на дисконтни продавници за продажба на основни животни намирници и останати производи за секојдневна употреба, во Републиката, кој работи по истите принципи како најголемите и познато светски досконтери Алди, Лидл, Плус, Нето и др. Основна цел е на купувачите да им се понуди производи за секојдневна употреба со највисок квалитет, по најниски цени. Филозофија Во своите маркети, КАМ нуди над 500 артикли. Освен производи на познати производители се нудат и голем број на производи со сопствена марка - “Private Label”, од сопствени добавувачи. Маркетите се прегледни и едноставни, без никаков луксуз, со површина од 280 - 350 м2. Стоката е изложена во картони со цел да се намалат трошоците. Освен редовниот асортиман, редовно се дополнува понудата со изразито атрактивни акциски и сезонски производи. Покрај штедењето на сите нивоа, ниските цени се постигнуваат со купување на големи количини и со постојани преговори со добавувачите. Квалитетот е на прво место, затоа се врши дневни проби и контроли на квалитетот при приемот на стоката во централниот магацин. Добавувачи кои можат да обезбедат сигурна испорака и постојан висок квалитет можат да бидат партнери на КАМ. Потврдени Европски производители се добавувачи на КАМ на нивни марки и сопствени марки на производи. КАМ доследно го применува концептот на Алди – најпознат Хард Дисконт и затоа го викаат македонски Алди. Историја ”КАМ дооел” е основан во 1999 и првите два маркета беа отворени во Мај. 2000 8 маркети 2001 13 маркети 2002 18 маркети 2003 22 маркети 2004 25 маркети 2005 27 маркети 2006 31 маркети 2007 36 маркети 2012 50 маркети
Капитал: Домашен
Сопственост: Приватна
Големина: Голема