ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Податоци за компанија-членка
   
Име на компанија: ЕВРОПА 92
Адреса: Крижевска 52
Град: Кочани
Општина: Кочани
Телефон: +389(0)33 271 444
Факс: +389(0)33 279 350
Веб адреса: www.evropa92.com.mk
Директор: Влатко Димитровски
Дејност: Печатење на весници
Код: 18.11
Дејност NACE: Со повеќе од 15 години традиција, ква- литет и богато искуство зад себе, денес печатница "ЕВРОПА 92" е една од најголемите и најуспешните графички куќи во Македонија. Почнувајќи од единствената линија за производство на компјутерски формулари во 1990-та година, следејќи ги современите текови на графичката индустрија, компанијата денес располага со 6600 метри квадратни производствено - административен простор, над 100 вработени и високо квалификуван менаџерски тим. Сместена во индустриската зона на градот на оризот Кочани, во срцето на Балканот, нашата графичка куќа е пример за компанија која се држи во чекор со современите стандарди и светската технологија. Тајната на нашиот успех е високото ниво на иновативност, софистицираност, квалитет и прецизност во производството, како и целосно почитување на желбите на нашите клиенти. Во производствените погони во Кочани и Скопје покрај линијата за компјутерски формулари успешно инсталиравме и линии за: - весници , списанија, магазини; - книги, брошури; - проспекти, каталози , плакати; - компјутерски формулари. Нашата високо квалитетна подготовка, печат и доработка го изградија нашето реноме во полето на печатарството. Јасната претстава за промените на пазарот, искуството , динамиката и високата технологија им даваат сигурност на нашите клиенти, партнери и соработници. "ЕВРОПА 92" постојано ги следи барањата на своите клиенти и нуди отворена соработка во секој дел од полето на печатењето.
Капитал: Домашен
Сопственост: Приватна
Големина: Средна