ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Групации при Комората
   
Групација на провајдери на дигитални решенија

 

Конститутивна седница  на  Групацијата на провајдери на дигитални решенија, се одржа на 17.08.2017 година, во Стопанската комора на Македонија.

За претседател на Групацијата се избра г-дин Александар Пајковски од ДУНА Скопје, а за потпретседател г-дин Мирко Мариќ ЕВИ интернационал Скопје.

 

Врз основа на член 40 од Статутот на Стопанската комора на Македонија и член 5 од Одлуката за формирање на Групацијата на провајдери на дигитални решенија, на конститутивната седница, одржана на 17.08.2017 година, донесе  П Р А В И Л А за организацијата и начинот на работа на  Групацијата на провајдери на дигитални решенија

 

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овие Правила се уредува организацијата и начинот на работењето на Групацијата на провајдери на дигитални решенија (во натамошниот текст: Групацијата).

Член 2

Групацијата е посебна форма на организирање и работење во рамки на Здружението на информатичко-комуникациските технологии,при Стопанската комора на Македонија, преку кој компаниите од областа, самостојно одлучуваат и вршат работи и задачи од интерес за соодветната дејност.        

II. ОСНОВНИ ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

Член 3

Основни цели и задачи на Групацијата се:

-  разгледува прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста;

-   ги усогласува пројавените спротивности и различни интереси во рамките на дејноста;

-  усвојува заклучоци и предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а кои не се во спротивност со позитивните законски прописи и  добрите деловни обичаи;

-   разгледува предлози на закони и други прописи, дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите  и покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите;

- иницира и остварува соработка со членови на здруженија/асоцијации/групации во рамките на Комората и надвор од неа по прашања од заеднички интерес и остварува меѓународна соработка во согласност со програмските активности на Групацијата и со општите акти на Здружението на информатичко-комуникациските технологии и на Стопанската комора на Македонија;

-  соработува со надлежните органи и институции во земјата согласно Законот и  со општите акти на Комората и ги застапува интересите на членовите на Групацијата;

-   врши размена на информации од интерес на членовите на Групацијата;

-   ги координира активностите за организиран настап на членовите на семинари, конгреси и други  манифестации во земјата и во странство;

-   ги  поттикнува  имплементацијата на европските правила и стандарди и перманентното функционално образование и иновација на знаењата на стручните кадри од дејноста;

-  остварува други активности што заеднички ќе ги договорат членките на Групацијата.

 III. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ЧЛЕНОВИТЕ

Член 4

Секој член на Групацијата ги има следните права и обврски:

-  да бира и да биде биран во органите и телата на Групацијата;

-  редовно и навремено да биде информиран за прашања од делокругот на работата на Групацијата;

-  да покренува иницијативи за донесување и да разгледува предлози на закони и други прописи, да дава мислење и предлози по прашања од соодветната дејност;

- да користи стручна и друга помош, како и услуги кои ги врши Стопанската комора на Македонија во рамките на својата дејност;

- да се придржува кон одредбите на Статутот на Стопанската комора на Македонија, општите акти и другите одлуки на органите на Комората, актите на Здружението на информатичко-комуникациските технологии, оваа Одлука и другите акти и одлуки на Групацијата;

-   да учествува во обезбедувањето средства за остварување на целите на зачленувањето, согласно одредбите на Статутот на Стопанската комора на Македонија;

-  да учествува во креирањето на програмите за работа на Групацијата. 

IV. УПРАВУВАЊЕ СО РАБОТЕЊЕТО НА ГРУПАЦИЈАТА

Член 5

Групацијата работи на пленарни седници, на кои можат да учествуваат претставниците на сите членови на Групацијата.

Член 6

Групацијата има претседател, кој го избираат членовите на Групацијата од својот состав, со мандат од 4 години.

Групацијата има и заменик-претседател, кој се избира од редот на членовите, со мандат од 4 години. Заменик-претседателот го заменува претседателот за време на негово отсуство.

Член 7

Претседателот ја претставува Групацијата, ги свикува и раководи со  седниците на Групацијата и ги извршува одлуките и заклучоците, и врши други работи во врска со организирањето и раководењето со работата на Групацијата.           

Во извршувањето на работите од својот делокруг претседателот на Групацијата, работи во согласност со Статутот на Стопанската комора на Македонија, актите на Здружението на ИКТ и овие Правила.           

Член 8

Работата на седниците на Групацијата се одржува со присуство на мнозинство од претставниците на членките на Групацијата.

Одлуките на Групацијата се носат со мнозинство гласови од присутните членки на Групацијата. 

Член 9

Работите од својот делокруг Групацијата ги врши во согласност со Статутот на Стопанската комора на Македонија, овие Правила, програмите за работа на Комората, на Здружението на ИКТ, на Групацијата и интересите на членовите на Групацијата.                                                           

V. СОРАБОТКА СО ЗДРУЖЕНИЈА, РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ И ДРУГИ  ФОРМИ НА ОРГАНИЗИРАЊЕ И РАБОТЕЊЕ ПРИ КОМОРАТА

Член 10

По прашања од заеднички интерес, Групацијата соработува со здруженија, регионални комори и други форми на организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија. По прашањата од заеднички интерес може да се организираат заеднички седници.

Групацијата може да остварува соработка со институции надлежни за прашања од интерес на членовите на Групацијата, во согласност со целите и задачите утврдени со Статутот и другите акти на Стопанската комора на Македонија.

Групацијата може да остварува соработка и контакти со други институции во земјата и во странство непосредно согласно Статутот и другите акти на Стопанската комора на Македонија и посредно, преку надлежните органи на Стопанската комора на Македонија.

VI. СРЕДСТВА ЗА РАБОТА НА ГРУПАЦИЈАТА

Член 11

Членовите на Групацијата плаќаат придонеси за членство во Стопанската комора на Македонија.

Висината на финансиските средства потребни за работа на Групацијата се утврдуваат со Финансискиот план на Стопанската комора на Македонија, врз основа на програма за работа верифицирана од Собранието на Стопанската комора на Македонија.

За извршување на одредени работи од делокругот на Групацијата кои не се финансираат од придонесот, односно за финансирање на посебни активности што не се утврдени со годишната програма за работа на  Комората, членовите на Групацијата можат да обезбедуваат наменски средства, односно да донесат одлука за обезбедување средства за одделни специфични намени, со кои располагаат самостојно.

Средствата за посебни намени на Групацијата се водат на посебна потсметка во Стопанската комора на Македонија.

Наредбодател за користење на посебните средства е претседателот на Групацијата.     

Член 12

Овие Правила влегуваат во сила со денот на донесувањето.

Бр. ________                                                                ПРЕТСЕДАТЕЛ,

17.08.2017  год.                                                            Александар Пајковски

С к о п ј е                

 



Податоци за дејноста

30.01.2019

Користење на информатичко-комуникациски технологии во деловните субјекти, 2018

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2018 година, 94.4 % од деловните субјекти користеле компјутер во својата работа.

Широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 81.5 % од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.

Од вкупниот број на деловни субјекти, 53.9 % имале веб-страница или почетна страница. Од нив, 89.6 % на веб-страницата имале обезбедено опис на производите/услугите, ценовници, 51.7 % имале наведено линкови/референци до нивните профили на социјалните медиуми, а 21 % обезбедиле онлајн нарачување или резервирање.

Во однос на е-трговијата, 5,7 %, од деловните субјекти, со Е-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, а 4,4 % од деловните субјекти примиле нарачки за стоки или услуги, преку Веб-продажба.

 

Контакт лице: Лазо Ангелевски
Телефон: ++ 389 2 3244090, M. 070 271 731
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: laze@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје