ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Групации при Комората
   
Групација на мелничко пекарската индустрија

Во Групацијата на Мелничко - пекарската индустрија членуваат правни лица чија основна дејност е производство на леб, пецива и други производи кои ги опфаќа оваа индустриска гранка.

Основни задачи на Групацијата се:

 
  • претставување и застапување на интересите пред надлежните органи;
  • поврзување со сродни компании од земјите во регионов;
  • согледување на можноста за заедничка набавка на суровини и материјали за процесот на производство;
  • заеднички настап на саеми и бизнис форуми;
  • следење на ЕУ регулатилите и нивно прилагодување.

Претседател на Групацијата е Горан Малишиќ - Агроглобал трејд, Скопје

 
 



Податоци за дејноста

АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ ВО МЕЛНИЧКО ПЕКАРСКАТА ИНДУСТРИЈА

Остварено производство на пченица во производната 2018 година

Житните култури учествуваат со 41% во вкупната површина под ораници и бавчи. Производството на пченица учествува со 51% во вкупното производство на жита и се одвива на површина од околу 100.000 ха (просек 1995-2009).

Во производната 2017/2018 година, во Република Македонија жетвата на пченицата се одвиваше на вкупно 93.830 ха или за 1,6% помала површина во однос на минатата производна година (95.400 ха).

Засеаната површина под пченица изнесува околу 37% од вкупно засеаните површини во 2017/2018 година, што претставува намалување за околу 4% во однос на просекот за период 1995-2009 година.

Во зависност од климатските, рељефните и почвените карактеристики на одредени производни реони, како и можностите за искористување на расположивите водни капацитети од хидросистемите, се оствари просечен принос од 3,2 тони на хектар, што претставува зголемување за околу 10% во однос на остварениот принос во 2017 година (2,9 т/ха).

Производството од реколта 2018 година, изнесува 301.335 тони, односно за околу 20.730 тони (или 7%) поголемо производство од реколта 2017 година.

Процена на потреби од пченица во пазарната 2017/2018 година

Вкупните потреби од пченица на мелничко-пекарската индустрија за производство на брашно и пецива изнесуваат околу 300.000 тони годишно или 25.000 тони/месечно.

Потребите од семенски материјал за сеидба се околу 20.000 тони, а потребите за добиточна исхрана се околу 30.000 тони.

Вкупната понуда од 223.000 тони (остварен откуп од домашно производство околу 78.000 тони, залиха 45.000 тони и од увоз 100.000 тони пченица и брашно, просек за период 2006-2010 година).

Имајќи ги во предвид вкупните потреби на мелничката индустрија од околу 300.000 тони и понудата од околу 223.000 тони, се проценува недостаток од околу 77.000 тони.

Состојба со откупот на пченица од 2018 година и споредба со период 2000-2018 година.

Заклучно со 2018 година од страна на мелничките претпријатија откупени се околу 78.000 меркантилна пченица што претставува 26% од домашното производство оваа година. Во споредба со минатогодишниот откуп откупот е зголемен за околу 2.500 тони. Меѓутоа, во споредба со десетгодишниот просек (110.000 тони) претставува намалување за околу 32.000 тони.

Исто така, може да се забележи и намалување на жетвената површина, за околу 6.000 хектари, а од друга страна зголемување на вкупно оствареното производство поради зголемување на просечните приноси од единица површина за 10-20%.

Истовремено, во период 2007-2018 година откупот на меркантилната пченица има тенденција на постојано опаѓање, а увозот се зголемува.

Увоз на меркантилна пченица и брашно за период 2007-2012 година (ВО ТОНИ)

 20072008200920102018
меркантилна пченица44.14239.73750.06555.76571.300
брашно (претворено во пченица)61.96840.11971.57763.05443.000
Вкупно106.11093.952121.642118.819114.000
ПРОСЕК 2007-2015110.130    

Во период 2007-2018 година увозот на меркантилна пченица и брашно изнесува во просек 110.130 тони, што претставува 32% од вкупните потреби на мелничката индустрија.

 
 

Контакт лице: Васко Ристовски
Телефон: ++ 389 2 3244014
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: vasko@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје