ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Групации при Комората
   
Комисија за информативна сигурност на банките

Со одлука на Здружението на банкарство од седницата одржана на 31.10.2016 година формирана е Комисијата за информативна сигурност во рамките на Здружението на банкарство.

Основна задача на Комисијата е да биде носител и координатор на активностите поврзани со информативната сигурност кај членките на Здружението на банкарство. Преку размена на информации помеѓу членовите, имплементирање на проактивни услуги и подигнување на свеста и едукација на вработените да допринесе до намалување на ризикот од компјутерски безбедносни инциденти.

Комисијата соработува со сите надлежни институции во РМ, од областа на информативната сигурност како што се НБРМ, Дирекција за заштита на лични податоци, МВР – Сектор за компјутерски криминал, МК-ЦИРТ.

Комисијата соработува и со останатите Комисии во рамките на Здружението на банкарство согласно потребите. Комисијата донесува заклучоци, препораки, изготвува предлог-измени на законски и подзаконски акти, дава иницијативи за подобрување на целокупното работење на членовите на Комисијата во областа на информативна сигурност и сето тоа го доставува до Здружението на банкарство.

Претседател на Комисија за информативна сигурност  е Лефтер Софијанов од ПРОКРЕДИТ БАНКА АД Скоје и заменик претседател е Живко Атанасов  од СТОПАНСКА БАНКА АД Битола.

 



Податоци за дејноста

 

 

Контакт лице: Зоран јовановски
Телефон: ++ 389 2 3244044, M. 076 482 378
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: zoran.jovanovski@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје

Петар Попчев
Мртва природа (котле и аван), 1995
комбинирана техника (42х62)