1032 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Групации при Комората
   
Групација за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и програма за воена и цивилна намена

Заради унапредување на дејностите поврзани производство или трговија со оружје, експлозивни и опасни материјали и пиротехнички средства,  како и опрема за воена и цивилна намена, на иницијатива на повеќе компании, на ден 23.03.2016 година се одржа конститутивната седница, со што се формираше нова Групација за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и програма за воена и цивилна опрема како посебна форма на организирање и работење во рамки на Здружението на трговијата.

Групацијата ќе работи на разгледување прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, ќе усвојува заклучоци и предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а согласно законските прописи и  добрите деловни обичаи. Покрај тоа, Групацијата ќе разгледува предлози на закони и други прописи, ќе дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и ќе покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите.

За претседател на Групацијата е избран г-дин Димитар Мангутов, управител на Диманко - Скопје, а за заменик-претседател е избран г-дин Јовица Ѓуричиќ управител на Специјална Опрема -Скопје. Покрај тоа беше избран и Управен одбор на Групацијата, во кој што се избрани преставници кои што ќе ги претставуваат  интересите на сите членови на Групацијата од областа на: трговија со ловно спортско оружје, муниција, експлозивни и опасни материјали; трговија со пиротехнички средства и реализација на огномети; трговија на наменски средства (вооружување и воена опрема); обука за теоретско и практично оспособување за ракување со оружје и стрелишта за цивилна намена; производство на оружје и опрема, како и концесии на ловишта и ловечки друштва.

Податоци за дејноста

Контакт лице: Миле Стојчевски
Телефон: ++ 389 2 3244039, M. 070 275 801
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: mile@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје